Во Германија е измерен огромен пад на проажбата на електрични автомобили. На германскиот пазар во јули продажбата на електричните возила
падна на 12,9 отсто, од 20 отсто пред една година.
Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37 отсто во јули 2024 година во споредба со истиот месец минатата година. Ова е најголем пад до сега забележан, откако владата ги укина стимулациите за електрични возила декември минатата година. Според податоците објавени од германската федерална управа за моторен транспорт, во јули се регистрирани: Вкупно 238.263 нови регистрации на патнички автомобили (-2,1%). 83.405 бензински автомобили (+0,1%), 79.870 хибриди/PHEV (+18,4%), 43.107 дизели (+1,4%), 30.762 EV (-36,8%), 1.078 се продадени автомобили на ТНГ (+8,8%) и само 3 на CNG (-98,6%).
Ова не се случува само во Германија, туку и во многу друи европски земји. Се разбира после сето ова, многу производители на електични автомобии и добавувачи на делови стремат кон промена и подобрување на својата стратегија.