Во светот на автомобилската индистрија, кој во последните две децении не може да се пофли со голем број успешни приказни, Dacia се истакнува како исклучок.
Од 2004 година, кога го претстави моделот Logan, овој бренд на Renault се трансформира во еден од најважните играчи на европскиот пазар. Сега, францускиот гигант Citronen реши да ја прифати истата формула и да ја адаптира на свој начин. Формула за успех: Како Dacia ги освои купувачите?
Со правилно позиционирање и ефикасна стратегија, Dacia постигна неверојатни резултати. Минатата година, продаде над 650 000 автомобили, а со вклучување на моделите што се продаваат како Renault, бројката достигнува речиси 950 000 возила. Моделот Sandero е еден од најпродавните автомобили во Европа, а Duster се приближува до „топ10“ најпродавани SUV модели.
Dacia покажува дека комбинацијата на достапност, функционалност и модерен дизајн е добитна формула. Но, може ли Citroen да го повтори овој успех?
Citroen предизвикувач на сцената Citroen, дел од групацијата Stelantis, реши да го „разигра“ пазарот на достапни автомобили. Сè започна со новата генерација на C3, компактен автомобил базиран на платформата Smart Car, создаден да ги задоволи потребите на различни пазари – од Индија и Бразил до Европа. C3 Aircross, SUV со 7 седишта, е еден од првите модели во оваа стратегија. Новиот C5 Aircross Concept е насочен директно кон Dacia Bigster. C4 пак, ќе се натпреварува со Duster.
Промена на стратегијата – ризик или можност? Citroen долго време се позиционираше во „нејасна средина“, но сега настојува да стане глобален бренд кој нуди достапни автомобили. Со повеќе ресурси, технологија и историја зад себе, Citroen има потенцијал да им понуди подобри модели на купувачите. Ќе ги убеди ли купувачите? Аналитичарите предупредуваат дека стратегијата може да биде ризична. Dacia гради силен имиџ со само пет модели додека Citroen и покрај пошироката понуда, заостанува во продажбата. Дали Citroën ќе стане „новата Dacia“ или ќе се соочи со неуспех? Само времето и реакциите на пазарот ќе го дадат одговорот.