Зошто автомобилските гуми се исклучиво во црна боја?

Добро се знае фактот дека автомобилските пневматици имаат црна боја. Но, како да не се фокусираме на прашањето: Зошто е тоа така?

„Одговорот е во производството. Автомобилските гуми се црни бидејќи на нив се додава саѓи, објасни реномираната германска организација за технички преглед TUV Nord.“ – пренесува autoblog.rs во врска со црна та боја.

Од она што ние го знаеме, причината за таа црна боја на автомобилските гуми, се должи на додавањето на саѓи (или црн јаглерод). Тоа е фин прашок од јаглерод, кој има неколку клучни функции:

Зголемена издржливост и отпорност на абење(трошење). Саѓи ја прават гумата поотпорна и не се троши, што ги продолжува нејзините својства и трајност.

Саѓите го зајакнуваат материјалот, што го прави поотпорен на оштетувања и механички влијанија.

Исто така црниот јаглерод помага во заштита на гумата од оштетувања предизвикани од ултравиолетовите зраци на сонцето и озонската изложеност… Кои можат да го оштетат материјалот на гумите.

Црната боја не е само практична, туку и има естетска вредност. Покрај тоа што гумите со време ќе се валкаат и ќе станат неатрактивни ако се бели, црната боја ја дава и визуелната асоцијација за сила, издржливост и стабилност, што ја прави популарен избор.

Сепак, во минатото, во раниот период на автомобилската индустрија, постоеле гуми кои биле бели, но тие не биле практични поради брзо натрупување на прашина и нечистотија. Така што, со додавање на саѓи, гумите станале поиздржливи и со помалку проблеми со одржувањето.