Бизарно: Cookie Monster возел автомобил, а сега е во бегство!

Cookie Monster

На патот во околината на Дортмунд, во Германија, полицијата на својата камера забележала една необична ситуација. Зад воланот на автомобил „Ауди РС2“ се возел Cookie Monster – познат лик од детско телевизиско шоу „Sesame street“. Изгледа возачот сакал да се пошегува со полицијата. Имено ја пречекорил дозволената брзина за 11 км/ч и се соочува со казна од 40 евра.

Cookie Monster

Можеби за некого е забавно, но носењето маска додека возите е многу сериозно. Доколку осомничениот признае дека возел додека носел маска, ќе добие дополнителна казна од 60 евра бидејќи во Германија е забрането носење маска додека вози. Во делот каде што границата е 80 km/h возел 91 km/h’. – изјавил Портпаролот на полицијата Питер Бандерман

Осомничениот кој се криел зад ликот на Cookie Monster се соочува со вкупна казна од 100 евра за ова шега.