Citroen Type-Ami – За оние кои претендираат ретро

За оние кои преферираат ретро изглед и поинаков уникатен карактер во поглед на дизајнот на возилото, на пазарот доаѓа Type-Ami.

Type-Ami е направен од италијанскиот производител на каросерии Caselani во соработка со Citroen Style Center.

Дејвид Обендорфер се потпишува како дизајнер на возилото, а токму неговото искуство во класичните модели Citroens придонесува за уникатниот Type-Ami. Што се однесува до инспирацијата, таа потекнува од Citroen Type H (HY). Популарното комбе кое се произведуваше од 1947 до 1981 година.

Type-Ami

„Трансформацијата беше постигната со комплет панели на каросеријата од фиберглас кои го имитираат препознатливиот изглед на оригиналното возило од типот H. – вели autoblog.rs. Комплетот доаѓа со сите потребни елементи за вградување, додека прозорците, механизмите на вратите и светлосните единици на автомобилот донаторски остануваат непроменети. Клиентите можат да изберат од девет стандардни бои, но Caselani ќе понуди и специјални бои за оние кои сакаат нешто поуникатно.

Прочитајте повеќе тука,а во продолжение погледнете го видеото.