„Автомобилите не се само објекти за транспорт, тие се уметнички дела во движење.” – Цитати за автомобилите

автомобилите

Некои велат дека автомобилите се и рефлексија на нашето општество. на сегашноста која ја живееме, на иновациите, на желбите кои сакаме да ги постигнеме. Страста кон автомобилите се споредува со многу нешта. Така, некои додаваат дека автомобилот се негува како жена, а други пак додаваат дек тој е уметност. Низ историјата автомобилот бил симбол на успех и престиж. Како и да е, едно е јасно. Автомобилот е неизбежен, превозно средство без кое не можеме да го замислиме животот. Во прилог, прочитајте неколку цитати кои ја објаснуваат токму таа љубов помеѓу човекот и автомобилот.

автомобилите

„Автомобилите не се само објекти за транспорт, тие се уметнички дела во движење.” – Ралф Лорен

„Брзиот автомобил е како убава жена: те прави среќен, но мора да се грижиш за него.“ – Непознат автор

„Автомобилот е симбол на моќ и контрола. Тоа е начин мажите да ја скротат природата.“ – Фердинанд Порше

„Спортскиот автомобил е врвна комбинација на моќ, брзина и елеганција.“ – Непознат автор

„Луксузните автомобили се симбол на успех и социјален статус.“ – Непознат автор

„Автомобилот може да го промени животот. Ни дава слобода да истражуваме нови места и да имаме авантури. – Непознат автор