И покрај големиот ентузијазам околу концептот Halcyon , кој лани доби позитивни реакции, плановите на Chysler никако да се реализираат.
Првиот електричен модел беше најавен за 2028 година, но неодамнешните вести укажуваат на доцнење и можно откажување на некои проекти. Најновиот удар е одложувањето на планираниот голем кросовер додека постоечкиот модел Pacifica ќе добие уште еден редизајн. Сериската верзија на Halcyon се очекува со поблаг дизајн, но ќе ги задржи елегантните купеовски линии.
Останува неизвесно дали ќе биде исклучиво електричен или ќе се понуди со бензиски мотор.