АВТО НОВОСТИ И ЗАНИМЛИВОСТИ

ВИДЕО: Nissan Patrol! – Седмата генерација – Премиум естетика и наследство во теренска изведба

ВИДЕО: Nissan Patrol! – Седмата генерација – Премиум естетика и наследство во теренска изведба

Своето патување, Nissan Patrol го започна во 1951 година. И денес останува теренска икона. И покрај тоа што нема да биде достапен во Европа, новата генерација на моделот, успешно прифатена во Азија и Америка, заслужува внимание. Новиот Nissan Patrol се одликува со маркантен дизајн и премиум карактеристики. Вклучен е моќниот V6 твин – турбо мотор, девет – степен автоматски менувач и адаптибилна воздушна суспензија. Со овие карактеристики Patrol е подготвен за сите типови на терен и услови на возење. Возилото има алуминиумски тркала од 22 инчи, високо растојание од подлогата и впечатлива V решетка. Внатрешноста е опремена со двојни колор…
Read More
Mythos – Првиот поглед на суперавтомобилот на иднината

Mythos – Првиот поглед на суперавтомобилот на иднината

Mythos – Првиот поглед на суперавтомобилот на иднината – Трстирањата во Италија го приближуваат револуционерниот AMG PureSpeed Светот на автомолите се подготвува за влез во нова ера со пристигнувањето на Mythos, новиот ултралимитиран модел, суперавтомобилот кој го привлекува вниманието на автомобилските ентузијасти и колекционери. Тестирањата на прототипите на AMG PureSpeed се во завршна фаза и ќе бидат спроведени на легендарната патека Нардо во Италија каде што брзинските тестови ќе откријата колку оваа возбудлива новина може да достигне. Основата на Mythos е Mercedes SL, но со дизајн кој првично беше презентиран во Монако во мај. Ќе се одликува со елегантен и…
Read More
Geely ја проширува својата визија – Дали Европа ќе биде новата база за производство на електрични возила?

Geely ја проширува својата визија – Дали Европа ќе биде новата база за производство на електрични возила?

Geely ја проширува својата визија! Geely е кинескиот автомобилски гигант. Истиот е во трка е за пронаоѓање на идеалната локација за изградба на нова голема фабрика во Европа. Европа е во фокусот на интересот на неколку кинески производители на автомобили. Но, Geely се стреми да ја направи својата позиција уште посилна. Визијата на кинескиот автомобилски гигант отвора нови хоризонти за себе на едно од најзначајните автомобилски пазари во светот. Иако потпреседателот на Geely Auto Group, Ли Чуанхаи, неодамна на прес - конференција во Фракфурт изјави дека сè уште не е 100 % сигурно каде ќе се изгради фабриката, шпекулациите веќе…
Read More
Индија се подготвува за електрична револуција – Владата инвестира 1,3 милијарди долари за почисти патишта

Индија се подготвува за електрична револуција – Владата инвестира 1,3 милијарди долари за почисти патишта

Индија се подготвува за електрична револуција – Владата инвестира 1,3 милијарди долари за почисти патишта Индија го прави големиот чекор кон чиста енергија и одржлива мобилност! Со амбициозен план од 1,3 милијарди долари, индиската влада ќе ги стимулира граѓаните и компаниите да се префрлат на електрични возила, намалувајќи го загадувањето и отворајќи нова ера на почисти горива. Министерот за информации, Ашвини Ваишнав, на прес – конференција објави дека овие стимулации ќе се фокусираат на популаризација на електрични возила. Возила со две и три седишта како и на електрични амбулантни возила и камиони. Иако електричните возила сè уште ретко се гледаат…
Read More
Педро Санчез ја одмрзнува тровската битка и испраќа порака до Европската Унија и Кина: Шпанија повикува на компромис со Кина за електричните автомобили

Педро Санчез ја одмрзнува тровската битка и испраќа порака до Европската Унија и Кина: Шпанија повикува на компромис со Кина за електричните автомобили

Во срцето на глобалната економска сцена, шпанскиот премиер Педро Санчез испраќа порака до Европската Унија и Кина. Повикува на внимателност и размислување пред воведувањето дополнителни царини за кинеските електрични автомобили. „Не ни треба уште една војна, а најмалку трговска војна“. Истакна Санчез и повикува на дијалог и соработка на крајот од неговата официјална посета на Кина. Додека Европската комисија веќе воведе привремени царини од 5ти јули, шпекулациите околу дефинитивните мерки  кои треба да стапат на сила за неколку месеци, оставаат простор за дипломатска маневра. Шпанија ќе дејствува конструктивно во потрагата по компромис. Притоа, истакнувајќи дека сите земји – членки, вклучително…
Read More
Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Откријте ја неочекуваната врска!

Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Откријте ја неочекуваната врска!

Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Зарем некогаш сте помислиле дека бојата на вашиот автомобил би можела да влијае на потрошувачката на гориво? Звучи како научна фантастика, но не и за научниците од американската лабараторија Лоренс Беркли. Нивната студија, дел од проектот Cool Cars, поддржан од Калифорниската енергетска комисија, открива изненадувачки факти: бојата на каросеријата може да игра улога во тоа колку често ќе мора да го полните резервоарот! Светлите автомобили кои ги рефлектираат сончевите зраци, одржуваат пониска температура во внатрешноста. На спротивната страна, темните автомобили ја апсорбираат топлината и создаваат вистински мини – печка внатре. Резултатот?…
Read More
MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

MOTOCAST: Поткаст посветен на живиот и страстен свет на мотоциклизмот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST, првиот подкаст од ваков вид во регионот, посветен на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот. Првата епизода посветена на светот на мотоциклизмот, беше премиерно прикажана во средата. На 11 септември 2024 година на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube , а во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма . Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST во четврток во 21:30 часот. MOTOCAST, за…
Read More
Kia воведува иновативни технологии за следење на температурата кои ја подобруваат удобноста и ефикасноста

Kia воведува иновативни технологии за следење на температурата кои ја подобруваат удобноста и ефикасноста

Сестринските компании Hyundai Motor Company и Kia Corporation открија три технологии дизајнирани за прецизно регулирање на внатрешните температури на возилото за да обезбедат подобрена удобност на патниците и енергетска ефикасност на настанот „Heat Tech Day“ во Сеул, Јужна Кореја… Настанот ги прикажа достигнувањата на Kia за истражување и развој во контролата на температурата, клучен аспект на удобноста на патниците. Како што возилата еволуираат надвор од едноставниот транспорт и во просторите за живеење, компаниите развиваат различни технологии за контрола на температурата за да ја задоволат растечката потреба за удобност при движење. Овие технологии не само што ја подобруваат удобноста, туку и…
Read More
Во ова место морате да возите автомобил во бела боја, во спротивно следуваат казни!

Во ова место морате да возите автомобил во бела боја, во спротивно следуваат казни!

Перфекционизмот велат дека до некаде е болест. Стремежот кон совршенство и беспрекорен изглед е неоправдан, но во овој град изгледа сето ова не важи. Имено, на ова место дозволено е да возите само автомобил во бела боја. Евентуално се дозволени автомобили со сребрени или златни нијанси. Но, секако и тие мора да блескаат и да бидат беспрекорно чисти. Станува збор за главниот град на Туркменистан каде уште во 2018 година, бил донесен декрет. Според некој во Ашгабат е строго забрането возење во црни или пак светло обоени автомобили. Зошто е ова вака и дали можеби станува збор за суеверие поврзано…
Read More
Видео: Alpine A390_β на саемот во Париз

Видео: Alpine A390_β на саемот во Париз

Брендот Alpine најавува промоција на концептот A390_β на овогодинешниот автомобилски саем во Париз. Ова е најава за идниот електричен „спортски фастбек“. Моделот ќе почне да се произведува во 2025 година. Повеќе информации за оваа приказна се очекуваат после премиерата. „Уште во 2022 година се зборуваше дека ќе се базира на најновата верзија на платформата CMF-EV. Потоа минатата година моделот беше најавен како Crossover GT од C-сегментот кој ќе игра важна улога во иднината на марката. Заедно со другите нови модели, тој би можел да се нуди на глобално ниво, бидејќи Alpine најави дека планира да влезе во Азија, како и…
Read More