Cadillac Sollei – Иновативен луксуз само за оние со префинет вкус

Cadillac

Кабриолетот како да секогаш се поврзува со луксуз, но уште кога станува збор за Cadillac, приказната се тродимензионира. Имено, Cadillac го претстави концептот Solley. Станува збор за автомобил опишан како „Врвен дизајнерски израз на луксузен електричен кабриолет.“

Овој модел очигедно ги поместува границите и претставува одраз на автентичните страсти за своите клиенти.

Cadillac

Што се однесува до екстериерниот изглед, тој е обоен во Манила крем, што асоцира на моделите на Кадилак од 1950-тите. Овој 2+2 кабриолет, со препознатлив 55-инчен дисплеј е замислен како целосно електрично возило. Доколку малку обрнеме внимание на инспирацијата околу самиот назив, името Солеи ги комбинира концептите на сонце („Сол“) и слободно време („Леи“), симболизирајќи ја оптимистичката инспирација на Кадилак за лежерен начин на живот.

„Солеи повторно го замислува откритието на патувањето, замислувајќи персонализирано возачко искуство кое го поврзува човекот со природниот свет“, рече Ерин Кросли, директорка за дизајн на Кадилак.

Надворешноста зрачи со емоции со своето Ниското и издолжено тело, широкиот став на надворешноста и финиот мицелиум на MycoWorks, (материјал кој се користи во душеци и џебови на панелите на вратите), зборува за уметничкиот афинитет кон самото дизајнирање. Секако тука е ладилникот за пијалоци и рачно изработени дрвени фурнири.

Cadillac Sollei – Иновативен луксуз само за оние со префинет вкус.