Кинескиот автомобилски гигант BYD бележи вртоглав раст кој поставува нови рекорди! Во 2024 година, компанијата продаде 4,27 милиони возила што претставува раст од 41,3% во споредба со претходната година. Со ова, тој ги надмина Ford и Honda со цврста позиција како еден од најголемите светски производители на автомобили.
Најголемиот успех гигантот го забележа кај приклучните хибриди со продажба од 2,48 милиони возила – раст од неверојатни 72,8%. Компанијата е на чекор да го достигне Tesla во секторот на електрични возила со 1,76 милиони пеодадени EB возила лани во споредба со Tesla –ини 1,81 милиони.
Половина милион од продажбата доѓа од прекуокеанските пазари со што се потврдува глобалниот успех на брендот.
BYD е и лидер во батериската индустрија. Лани инсталираше батерии со капацитет од 194, 7 GWh со што доставуваше технологии з гиганти како Tesla, Toyota и Nio.
Од скромен старт до глобална доминација, BYD го претвори својот сон во реалност благодарение на иновациите, поддршката на локалните субвенции и посветеноста на развој на технологијата.
BYD – ИДНИНАТА НА АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ПРИСТИГНА!