BMW не Брза со производство на електрични Возила

Некои производители на премиум автомобили активно се подготвуваат за премин кон целосно електрични возила и веќе се одредиле датуми кога последните бензински или дизел мотори ќе излезат од нивните линии.

Jaguar ќе премине на електричен погон веќе следната година. Volvo планира да го направи тоа до 2030 година. Брендовите како Audi и Bentley имаат за цел да преминат на струја и да произведуваат електрични возила на почетокот на следната деценија. Rolls – Royce и Mini планираат да достигнат нулта емисија на штртни гасови до 20230 година. Сепак, BMW има различна стратегија, пишува BMW блог.

електрични

Извршниот директор на BMW Group, Оливер Ципсе , изјави дека германскиот бренд нема да ги повлече конвебционалните мотори во блиска иднина. „Светот е големо место и ние продолжуваме да ги снабдуваме сите пазари со врвни производи. Секој може да најде соодветен погон за своите потреби. Сè друго не би било паметно од бизнис перспектива.“- изјави Ципсе.

Тоа не значи дека BMW нема иднина со електрични возила. Напротив. Новата платформа Neue Klasse ќе донесе најмалку шест електрични модели до 2028 година, вклучувајќи ги моделите IX5, IX6 и IX7.

Ципсе истакна дека BMW ќе биде подготвена да ги задоволи потребите на купувачите ако побарувачката за електрични возила порасне. Во 2023 година, чисто електричните возила сочинувале 14,7% од вкупната продажба на BMW Group. А се предвидува дека до крајот на деценијата оваа бројка ќе надмине 50%. Електричните возила на BMW, Mini и Rolls –Royce моментално претставуваат 4,1% од глобалната продажба на електрични возила.

Ципсе нагласи дека BMW не ги смета бензинските, дизел и plug-in хибридните автомобили за застарени: Не правиме разлика помеѓу „стари“ и „нови“ возила. Нудиме врвна технологија во сите области и најдобар вкупен пакет. Тоа е можеби основната тајна на успехот на нашата компанија,“додаде тој.

 Врвот на компанијата ги уверува љубителите на конвенционалните мотори дека BMW ќе продолжи да нуди комбинација на модели со SUS мотори и електричен погон и во 2030-тите.

BMW е врв премиум автомобил.