ВИДЕО: Кинезите докажаа дека и електричниот автомобил може да плови!

Кинезите докажаа дека и електричниот автомобил може да плови

Како и во секое поле и овој пат кинезите најинвентивни. Имено тие докажаа дека може да се отфрли митот дека електричните возила не можат да влезат во вода. Станува збор за BID (BYD) – кинески производител на електрични автомобили кој го демонтстрира ова. Публиката од Европа посведочи на моментот и виде како хибридниот теренец YangVang (Yangvang) U8 влегува во вода. Она што најповеќе ги изненади сите, е фактот дека освен што може да „плови“, луксузниот автомобил на BID може да врти и 360 степени во вода.

Кинезите докажаа дека и електричниот автомобил може да плови!

Сепак ова беше забавен спектакл, но всушност зад презентацијата се крие сериозната функција. Што би се случило доколку автомобилот поради несреќа, инцидент или непогодни временски услови се најде во вода? U8 може да плови и да остане на површината половина час. Да се движи со брзина од три километри на час во вода. Вирусниот трик за центрифугирање од 360 степени на U8 може да се изведе и во вода. Кинезите докажаа дека овој автомобил во случај на поплава може безбедно да ги извлечи патниците на сигурно и да се спаси од извесна несреќа. Сепак, се напоменува дека Функцијата за пливање е само за итни случаи, не и за традиционално возење. Матичната компанија BID тврди дека е водоотпорен IP68, но според многумина, откако ќе се активира пловечкиот режим, U8 треба да се прегледа во сервисен центар.

Извор