Најчестите причини зошто мирисате бензин во вашиот автомобил!
Има повеќе сценарија доколку почувствувате мирис на бензин во вашиот автомобил додека возите. За жал, повеќето се лоши и следат вознемирувачки концепт на приказната. Еве што да направите доколку во вашиот автомобил мириса на бензин.
Застанете на безбедно место доколку миризбата е интензивна.
Особено внимавајте да сте понастрана од сообраќајот кој ги вклучува другите возила и пешаците. Исклучете го моторот што побрзо паркирајте и излезете од автомобилот. Сигурно ви излегува пред очи некоја филмска сцена каде автомобилот гори. Па и не сте далеку од вистината. Секако тоа може да биде вистина и тоа е најлошото сценарио. Така, доколку истече горивото, можен е пожар. Ова сценарио, има низа и комбинација на причини. Може да станува збор за висок притисок на линијата за гориво и жежок мотор и/или издувниот систем може да предизвика запалување на горивото што тече.
„Веројатно тече бензин во моторниот простор доколку сте сигурни дека миризбата започнува да биде што поинтензивна. Тоа доведува до навлегување на голема количина бензинска пареа во автомобилот преку неговата вентилација“, пренесува Danas. rs.
Умерен интензитет на мирисот
Доколку миризбата не е толку интензивна, можно е изворот на таа гасна пареа да биде нешто сосема друго. Во предвид доаѓаат опциите дека станува збор за истекување во близина на резервоарот. Тука се напоменува дека возачите треба да бидат особено внимателни и кога полнат бензин, затоа што меѓу факторите се вклучува и можноста да имате заборавено да го затворите резервоарот откако сте биле на бензинска пумпа… А гасот истекува.
Секако, може да се исклучат лошите сценарија. Можно е проблемот да не воопшто голем и да не биде нужен знак за истекување. Можен може да бидат неколку капки бензин кои случајно сте ги истуриле на облеката или чевлите. Доколку сте сигурни дека изворот на мирисот е механички дефект, дефинитивно ве советуваме да не го барате сами изворот на мирисот, туку да побарате помош од сервисниот центар.