Перфекционизмот велат дека до некаде е болест. Стремежот кон совршенство и беспрекорен изглед е неоправдан, но во овој град изгледа сето ова не важи. Имено, на ова место дозволено е да возите само автомобил во бела боја. Евентуално се дозволени автомобили со сребрени или златни нијанси. Но, секако и тие мора да блескаат и да бидат беспрекорно чисти. Станува збор за главниот град на Туркменистан каде уште во 2018 година, бил донесен декрет. Според некој во Ашгабат е строго забрането возење во црни или пак светло обоени автомобили.
Зошто е ова вака и дали можеби станува збор за суеверие поврзано со бела боја?
Кој стои зад оваа бизарна одлука никој не знае, но многумина тврдат дека тоа е поради верувањето на поранешниот претседател Гурбангули Бердимухамедов кој сметал дека бела та боја носи среќа. Ако полицијата ве фати на пат со валкан автомобил, ќе мора да платите казна, пишува Punkufer.hr. После дожд, имате пак само 24 часа да ја измиете колата за да не добиете повторно казна.
Исто така интересно е што Ашгабат го нарекуваат и белиот град, затоа што сите нови згради се изработени од бел мермер. Покрај тоа, главниот град на Туркменистан го држи рекордот за најголема концентрација на згради од бел мермер во светот. Што се однесува до создавањето на Туркменистан е земја во Централна Азија и покрај Каспиското Езеро, создадено по распадот на Советскиот Сојуз. Туркменистан се граничи со Казахстан, Узбекистан, Авганистан и Иран. Она што е интригантно за ова место е што многу малку е прочуено во светот.
Малкумина имаат можност да ја посетат земјата, а тоа е така можеби затоа што властите воопшто не ги интересира туризам. Според одредени статистики, годишно се одобрувале само околу 10.000 туристички визи. Е сега? Сега е уште поинтригантно, па ако сте од оние кои сакаат да посетат не толку познати туристички и комерцијални дестинации, ова е вистинската шанса да се изборите да стигнете до место во кое не бил скоро никој. Но, не заборавајте. Мора да возите бел автомобил.