Само за колекционерите со џеб од три милиони долари – Реплика на Batmobile

batmobile-tumbler

Веројатно на мноумина им е познат Tumbler или Batmobile. Тоа е легендарниот автомобил кој се појави во филмот за херојот Бетмен со Кристофер Нолан. Имено, компанијата Action Vehicle Engineering создаде верна реплика на Batmobile. Цената… Хм… Ситни 3 милиони долари. Па не е лесно да бидеш во кпжата на Бетмен и да бидеш зад воланот на овој уникатен модел.

„Само 10 примероци на Batmobile се достапни за продажба, а секој од нив е придвижуван од LS3 6,2-литарски V8 мотор на GM, кој развива 532 КС и 660 Nm вртежен момент. Тој е поврзан со четиристепен автоматски менувач и доаѓа со менувачи на лопатки сместени зад воланот.“ – пренесува autoblog.rs

Впечатливиот изглед и каросеријата е направена од комбинација на јаглеродни влакна, кевлар, лим и фиберглас. Истата е поставена на цевчеста челична рамка. Batmobile е долг 4.648, широк 2.819 и висок 1.524 mm, а неговата маса е околу 2.500 килограми.

Batmobile


Има не’рѓосувачки челик и симулиран млазен мотор без пламен. Конфигурацијата на контролната табла е идентична со оригиналот, што ја прави репликата автентична, според Klix.ba.

Како и да е, овој модел е предвиден да биде дел од извесни колекции на оние најголемите и сериозни ентузијасти . За да продавачите се осигураат дека Batmobile оди во вистинси раце, купувачите најпрво треба да испратат апликација и остата да биде одобрена, а потоа клиентите да очекуваат испорака за околу 15 месеци од уплатата на депозитот. Се напоменува дека Tumbler или Batmobile, не е наменет за во урбани стредина и за на патишта. Веројатно повеќе може да се сфати како украс.