Кризно време и за најголемата фабрика за батерии во Европа

батерии

Гигантската фабрика за батерии во Европа во криза. Поради падот на продажбата на електрични возила фабриката го менува своето производство.

Целата индустрија поврзана со производството на електрични возила е загрижена. Но, најповеќе се погодени производителите на батерии кои се високо специјализирани.

Инаку, корејска компанија која отвори филијала во Полска, LG Energy Solutions има вработено 6.600 работници. Со ова, таа е најголемиот снабдувач на батерии за европската автомобилска индустрија. Но, токму драмата што се случи низ Европа со паѓањето на продажбата на електрични возила, донесе драма и во оваа фабрика. Приходите ќе се намалат за една третина оваа година, на 6,7 милијарди долари, пренесува Bloomberg.

Новата солуција за излегување од кризата е префрлање во производство на батерии за складирање на произведена електрична енергија во домаќинствата и индустријата!

батерии

„Според списанието HAK, LG веќе нуди статични системи. Системи за складирање на многу глобални пазари. Но, потегот за производство на такви системи во Полска ќе дојде во вистинско време. Бидејќи полската влада штотуку ги објави плановите за субвенционирање на батерии за складирање. Истите, можат да складираат електрична енергија произведена од соларни панели и да ја достават до корисниците кога, на пример, нема повеќе сончева светлина.“ – пренесува autobog.rs