ВИДЕО: Највисок банџи скок на Nissan Qashqai – Соборен гинисов рекорд

банџи скок

Соборен е гинисовиот рекорд за банџи скок од страна на Nissan Qashqai. Автомобилот по „скокна“ од височина од 65 метри. Видеото е снимено во Франција, во Путо. Nissan Qashqai бил исфрлен со кран, а во врска со безбедноста, автомобилот бил затворен во посебен кафез. Она што е интересно, е што професионален тркач и каскадер Лоран Ласко, за време на банџи скокот бил на возачкото седиште.

„Претставници на Гинис беа присутни за да се погрижат се да биде како што треба. За да се препознае рекордот, автомобилот и банџи кабелот мораа да останат недопрени. „Скокот“ помина без проблеми, па Qashqai e-Power стана нов рекордер.“ – пренесуваат медиумите.

банџи скок

Целта на Nissan била да го промовира новиот Qashqai.

„Ова е храбар и важен предизвик што ние во Nissan навистина го сакаме. Брендот отсекогаш покажувал способност да иновира и менува навики, а тоа го правеше смело. Qashqai се обиде со скејтборд, сурфање, пејнтбол и други возбудливи активности. А во новата кампања ќе скока од зграда во зграда. Идејата за банџи скок ја симболизира личноста на новиот Qashqai“, објави Nissan.

Имено, највисокиот банџи скок од овој тип бил во 1992 година. Тогаш GMC Џими „скокал“ од висина од 263,7 метри, од мост во Западна Вирџинија. Од друга страна, во емисијата Top Gear, водителот Ендрју Флинтоф седел во модел на Rover Metro додека автомобилот паднал од врвот на брана висока 164 метри. И покрај овие податоци кои раскажуваат за некои други проценки, сепак Qashqai е рекордер затоа што е снимен од претставници од Гинис. Останатите банџи подвизи и скокови, биле само подвизи за забава. не толку добар план нели? Кога веќе ризикувале, барем да добиеле нешто…