Видео: Како се започна? – Автомобилот што направи револуција во индустријата

Пред околу 100 и повеќе години, се сфати релевантноста на потребата од автомобилот како превгозно средство.

Идејата ја разви Ford со моделот Ford Model T во 1908 година. Најпрво приказната започна од Америка, а потоа целиот свет дозна за автомобилот. Имено, до 1927 година, биле произведени повеќе д 15 милиони примероци. Овој рекорд бил срушен дур во 1972 година, од страна на Бубата на Volkswagen.

 Автомобилот

Моделот на Ford, имал цилиндричен робусен мотор од 2,9 литри кој развиваше 20 KS и преку двостепениот менувач можел да постигне 72 km/h. Коче само со задни тркала, а трошел 11 до 18 литри на 100 километри. При производството се скратило времето од 12 и пол часа на 93 минути, поради воведувањето на монтажната лента. Сите возила биле црни, затоа што тоа било бојата која најлесно се сушела.

На секои 24 секунди излегувале нови автомобили што несомнено зборува за ефикасноста на системот кој бил развиен. Со оглед на побарувачката, Форд решил да биде достапен за пошироката публика и така ја намалил цената од почетни 850 на 260 долари.

Во продолжение погледнете како изгледало возењето на овој автмобил.