Автомобили кои со години не се произведуваат се на пазарот во САД

автомобили САД

Не ретко доаѓаат информации и вести кои пренесуваат дека во САД се купуваат автомобили кои всушност не постојат. И иако со години не се произведуваат, тоа се случува. Но, како? Постојат колекционери на автомобили во САД кои добро се знае дека ги чуваат автомобилите што подолго време, за да расте нивната цена. Но, во земјата, постојат и дилерства со големи залихи, па лесно на плацевите може нешто со години да остане непродадено.

На листата на вакви т.н. зомби автомобили се најдоа и автомобили кои всушност не се произведуваат со години. А можеби и со децении. Меѓу нив се најдоа Fiat Multipla и Barchetta (и тоа 3 примероци), за кои ретко кој памети кога биле на пазарот. На листата се наоѓаат и Alfa Romeo 147, 159 и GT, како и Honda Prelude чие производство престана 2001 година. Најекстремен случај сепак се двете возила Jaguar XJS кои во продажните салони ги нема уште од 1996 година.

Сепак, на вакви вести во Европа не сме навикнале, па можеби за некој оваа информација е навистина чудна.

автомобили САД