Audi размислува да ги задржи SUS возилата во својата постава на долг рок
Меѓу многуте марки кои одлучија продажбата на возилата со внатрешно согорување да продолжи и надвор од предвидениот рок, се најде и AUDI.
Уште назад во 2021 година, брендот објави дека ќе стане електричен и тоа 2033 година. А сега неговото мислење е да ги задржи возилата SUS во својата постава на подолг период. Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер, во изјава за списанието Top Gear, истакна дека германскиот луксузен бренд мора да остане „флексибилен“.
Долнер оваа изјава ја даде во контекст на потенцијалната одука на Европската унија. Одлуката стреми да се подложи целта за забрана на продажба на нови автомобили кои произведуваат штетни емисии до 2035 година.
Но, сепак неговото мислење е дека токму електричните возила се единствен долгорочен пат. „Законодавството сега вели дека автомобилот мора да има локално нулта емисија… Па дури и е-горивата не помагаат бидејќи тие не се локално со нула емисија. Ако ние како човештво веруваме дека ни треба промена во однос на CO2, единствениот начин е возило со батерии. Парискиот договор вели дека ќе ни треба неутралност на CO2 во 2050 година“.
Истовремено брендот Audi го зголемува својот фокус на понудата на plug-in хибриди.
„Долнер призна дека овие делумно електрифицирани погонски единици ќе останат во понуда подолго од планираното, бидејќи преминот кон целосно електрични возила не напредува толку брзо како што првично се очекуваше.“ – пренесува autoblog.rs