Audi оживува ретро приказна! – Изграден тркачки автомобил врз основа на нацрти од 1935 година -ВИДЕО

Audi нацрти

1935 е годината која го инспирира Audi да изгради автомобил кој ќе биде врз основа на тогашните нацрти.

Имено, станува збор за Auto Union „Type 52“ кој всушност би бил еден од најбрзите автомобили во светот според тогашните нацрти на Audi. За жал, автомобилот дури децении подоцна, дури сега го гледа „светлото на денот“. Задоцнето, но не и заборавено. Имено, проектот „Auto Union Type 52“ бил откажан во 1935 година, во пресрет на Втората светска војна.

Audi нацрти

Брзиот спортски автомобил под името „Schnellsportvagen“ требало да биде друмска верзија на тркачката „Тип 22 Гран При“ од 1930-тите. Планот бил да се има силуетирано алуминиумско тело, слично на пресекот на крилото на авионот. Исто така, би имало 16-цилиндричен мотор со повеќе од 200 коњски сили со максимална брзина од 201 километар на час.

Но, AUDI „ги најде“ овие записи и реши да ја оживее приказната. Единствениот концептен модел, Auto Union Type 52, започна да се гради од 2023 година. За тоа, Audi го нарача историскиот производител на тркачки автомобили Crosthwaite & Gardner да го изгради од нула.

Буквално сè беше направено по нарачка- од шасијата и каросеријата до моторот.

Сега, под задниот отвор се наоѓа средно монтиран мотор со 16 цилиндри со суперполнач сличен на оној што би се користел во оригиналниот автомобил доколку бил изграден. Наместо првично планираниот 4.4-литарскиот мотор, новата верзија користи 6.0-литарски мотор. Моторот е поврзан со рачен менувач, а коњските сили се зголемени од 200 коњски сили на дури 512.

Наместо првично планираното меѓуоскино растојание од 299 сантиметри, „Тип 52“ сега има меѓуоскино растојание од 331 сантиметар. Тежи 1.449 килограми. Според проценките, оригиналот би бил малку полесен: 1.299 килограми.

Што се однесува до дизајнот на ентериерот, „Тип 52“има три седишта, исто како и во „McLaren F1“ – само 60 години порано. Како некогаш, Возачот седи на средното седиште, а патниците би се сместиле, лево и десно од него.

Audi нацрти

Audi нацрти

Целата приказна е ретро, па така Audi бил упорен да ја продолжи истата визија. Да ја реконструира оваа ретро приказна со антички платнени седишта, лакирани дрвени облоги и детали кои секако се многу различни од денешните трендови.

Новоизградениот автомобил нема да биде само крал на ревиите бидејќи Audi ќе го испрати „Тип 52 концепт“ на овогодинешниот фестивал на брзина „Гудвуд“ во Англија со ветерани зад воланот: рекордерот на Ле Ман, Том Кристенсен и Ханс- Јоаким „Стритчел“ – пренесува n1.info.rs