Audi се откажува од прстените – AUDI со нова стратегија за Кина

Со претставувањето на новиот бренд AUDI , германскиот производител ја редифинира својата стратегија за кинескиот пазар. Наместо препознатливото лого со четири прстени, користи осветлени букви…. Истакнувајќи ја врската со сестринската марка, но и новиот правец на брендот.

Иновации за нова ера

Новиот идентитет се базира на концептот AUDI Е, целосно електричен спортбек кој претставува „репер“ за идните три сериски модели. Со димензии блиски до Audi А5, концептот е специјално дизајниран за кинеските купувачи. Со акцент на модерни линии и напредни технологии.

Audi

Од Инголштат изјавуваат:

AUDI е обликуван 100% од ДНК и ја отелотворува нашата филозофија „Vorsprung durch Technik“ (Предност преку технологијата) во ерата на електрични интелигентни возила

Детали за концептот:

4.870 мм должина, 1 990 мм ширина, 1 460 мм висина. Меѓуоскино растојание: 2 950 мм Дизајн: спортбек стил со купе силуета и караван елементи. Технологија: напредни LED светлосни елементи, сензори за ADAS системи Отсуството на четири прстени и замена со осветлени букви AUDI испраќа порака за иновација и прилагодување кон новиот пазар.

Кинеска соработка и иднина AUDI е резултат на заедничко вложување помеѓу оваа компанија и кинеската SAIK, со целосен фокус на електрични возила. Под водство на Фермин Сонеира, поранешен шеф за електрични модели на Audi, новиот бренд ветува спој на германска претпазливост и кинески иновации. Првите сериски модели ќе пристигнат од средината на 2025 година, отворајќи нова страница за Audi на најголемиот автомобилски пазар во светот.