Анксиозноста како најголем непријател при возење

Анксиозноста како најголем непријател во возењето

Дали во вашето опкружување имате некој кој постојано се грижи околу тоа кога излегува од дома дали ги исклучил сите електрични апарати? Или дали можеби вие сте токму тој случај? Овие навики можеби изгледаат безопасни, но во некои случаи, тие можат да бидат знак за подлабоки психолошки проблеми. Анксиозноста како најголем непријател при возење!

Проверувањето како израз на анксиозност

Доколку постојано се сомневате дали сте го заклучиле вашето возило, тоа мое да биде знак на голема вознемиреност. Во контекстот, психолозите тврдат дека овие луѓе се борат со зголемен страв од губење контрола. Тие често развиваат проверливо однесување што може да премине во опсесивно-компулсивно нарушување (OCD).

А што е опсесивно-компулсивно нарушување

„OCD се карактеризира со постојано повторување на опсесии. Наметливи мисли и компулсии (повторувачки дејства кои личноста чувствува потреба да ги изврши)“. На пример, едно лице може да има опсесивна мисла дека заборавила да ја заклучи вратата, поради што повторно проверува, честопати повеќе пати. Овие мисли и однесувања можат значително да влијаат на квалитетот на животот и секојдневното функционирање, па дури и на возењето.

возење

Влијание врз возењето

Овој страв и вознемиреност може лошо да влијае врз возењето, па така да дојде до забавени реакции, тремор и физички симптоми како забрзан пулс. Во некои случаи, хроничниот стрес може да влијае на донесувањето одлуки, што резултира со ризични маневри.

Што во овие случаи?

Секако дека еден шофер не треба да ги има овие симптоми, па релевантно е да стане свесен за таа вознемиреност и да побара помош.
Ако забележите дека вашето однесување при возење се менува или не можете да го контролирате вашиот нагон за проверка, важно е да побарате професионална помош. Затоа што вашето ментално здравје во однос на возењето игра главна улога кога ќе застанете зад воланот.