На 101 – то издание на Брисел Мотор Шоу, Алфа Ромео блеска со свежа енергија. Италијанскиот производител ги претстави своите специјални изданија Stelvio Intensa… Tonale Intensa револуционерниот Junior Ibrida Q4, со што покажа дека минатото е зад нив и иднината е полна со можности.
Stelvio Intensa Кога Италијанците ќе се зафатат со дотерување, неизбежна е фасцинација. Специјалната сеија Intensa е омаж на идентитетот на Alfa Romeo – комбинација на ексклузивен дизајн и напредна технологија. За врвно возачко искуство. Tonale Intensa Tonale , компактниот кросовер кој освои многумина, сега доаѓа во Intensa верзија. Со напредниот 48 – волтен хибриден систем и турбо – бензински мотор со 136 коњски сили, оваа изведба покажува дека Alfa Romeo го диктира трендот.
unior Ibrida Q4 Иновативноста кулминира со Junior Ibrida Q4 – пионерски модел со електро – мотор на задната оска и вкупен вртежен момент од неверојатни 1 900 Nm. Со максимална брзина од 206 км/ч и спринт до стотка за само 8,9 секунди, ова е автомобил за возбудливо искуство на сите терени и временски услови. Alfa Romeo со овие модели потврдува дека традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака.