Adamastor Furia – Португалскиот суперавтомобил

Adamastor Furia

Со суперативи во придавките, овој автомобил е наречен супер, првиот суперавтомобил. Станува збор за Adamastor Furia, од Португалија кој е достапен за 1,6 милиони евра (без данок).

Furia користи 3,5-литарски твин-турбо V6 на Ford кој испорачува околу 650 КС и 570 Nm вртежен момент. Благодарение на шасијата од јаглеродни влакна, тежи околу 1100 kg, без течности.

Adamastor

Максималната брзина е повеќе од 300 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h трае околу 3,5 секунди.
Серијата, наводно, ќе биде ограничена на само 60 единици. А компанијата вели дека сака да се натпреварува со „Aston Martin и Valkyrie. Но и со брендови како Pagani, Koenigsegg, Rimac“.

Adamastor е со седиште северно од Порто и моментално произведува каросерија од јаглеродни влакна и резрвоари за гориво како и други делови од јаглерод за голем број клиенти. Уште во 2018 година, ги откри плановите за спортски автомобил наречен P003RL, но сега одлучи дека растечкиот пазар на суперавтомобили е местото каде што сака да се натпреварува.