Видео: AC Cobra GT Coupe – Духот на минатото во современиот свет

AC Cobra GT Coupe

AC Cars, познатиот британски производител изненади со купе верзија на легендарниот спортист Cobra. „Прв од ваков вид воопшто, автомобилот е затворена верзија на новиот GT Roadster со кој ја дели алуминиумската шасија“. Пренесува avtomagazin.mk

 Cobra

Микс од современата технологија или модерното време и историска инспирација. AC Cobra GT Coupe го носи духот на минатото во современиот свет Моделот има купе од карбонски влакна. перформансите се за почит така што погонот ќе биде исклучиво од V8 агрегати. Основната верзија располага со 456 коњски сили, компресорската со 730 а специјалната Clubsport Edition од која ќе бидат направени само 99 примероци, со дури 810 коњи.

 Cobra

325 илјади фунти плус даноци е првичната цена за оваа убавица која веќе ги прима своите нарачки. Кон крајот на 2025 година, ќе бодат испорачани првите примероци од моделот.