Прогласен е победникот – Автомобил на годината за 2024 година во Европа

Автомобил

Овој автомобил се стекна со титулата за најдобар автомобил на 2024 година во Европа

Renault Scenic E-Tech е прогласен за автомобил на годината во Европа. Престижната титула ја освои оваа „убавица“, а секако имаше и зошто. Приказната се случи во Женева, во салон. Имено, ова е веќе трета година по ред, како електричен автомобил ја освојува т.н. автомобилска сцена.

Што се однесува до моделот Renault Scenic E-Tech, тоа е нов електричен модел на француска марка.

Автомобилот Renault Scenic E-Tech, доби 329 гласови од комплетното жири, а меѓу другото овој модел доби и 22 гласови за најдобар автомобил од останатите финалисти. Се престижната титула, награда, Scenic E-Tech, се гордее по седми пат.

Од друга страна, на второто место се истакна BMW серијата 5.

308 гласови се добиени од жирито за овој автомобил. Од нив 19 беа од конкуренцијата меѓу финалистите. Вкупно 197 гласови доби новиот Peugeot 3008,а  од останатите финалисти тој доби три гласа за најдобар автомобил.

Секако ги споменуваме и останатите финалисти кои се пласираа на финалето оваа година. Kia EV9 (190 поени), Volvo EX30 (168 поени), BYD Seal (131 поени) и Toyota C-HR (127 поени). Интересно е што четири автомобили од седумте финалисти беа електрични, а току се разбира е примарно инволвиран и победникот. Имено, минатогодишниот победник кој се гордееше со оваа титула беше Jeep Avenger, а за овогодинешниот избор, жирито имаше 58 членови кои доаѓаа од 22 земји.