Automobili Mignatta е италијански бренд кој неодамна се пријави на пазарот во автомобилската индустрија. Тој ја најави својата прва креација која има за цел да има и комбинира врвна технологија со луксузната и безвременска привлечност на спортските автомобили некогаш. Како што пренесуваат медиумите, инспирацијата за новото брзинско возило со две седишта, брендот ја добива од 1960тите.
Mignatta Rina е името на овој автомобил кој има монокок шасија од јаглеродни влакна и стандардно ќе биде опремена со каросериски панели од јаглеродни влакна.
Сликите на тизерот откриваат класичен спидстер профил, комплет со долга хауба, изразени лакови и заводлив заден дел. Има и затемнети фарови, компактни ретровизори, истакнат заден спојлер и кружни LED задни светла Mignatta Cars замислил атмосферски V8 мотор за Rina, поставен зад патничкиот простор. Ќе биде поврзан со шестстепен мануелен менувач и диференцијал со ограничено пролизгување за да се обезбеди старошколско искуство во возењето.
Производството ќе биде ограничено на само 30 рачно изработени единици годишно. Што значи ќе станува збор за ексклузивна италијанска креација. Официјалната премиера на Mignatta Rina на италијански от бренд Automobili Mignatta е закажана за 8 мај.