Многу возачи имаат навика да ги подигнуваат бришачите за време на снетопад, верувајќи дека ова ќе спречи замрзнување на ветробранското стакло. Меѓутоа, оваа вообичаена практика може да предизвика сериозни оштетувања на механизмот на бришачите што може да ве чини и до 500 евра за поправка. Стручњаците предупредуваат дека подигнување на бришачите може да го оштети механизмот уште по првата ноќ со силен ветер и снег.
Зимски трик – Како функционираат бришачите и зошто подигањето може да биде штетно?
Бришачите се дизајнирани да поднесуваат притисок само од предната страна на стаклото. Кога се подигнати, без поддршка од стаклото и изложени на ветер и снег, бришачите може да претрпат оштетувања особено ако се изложени на мраз. Силниот ветар може да ги оштети механизмите кои ги држат бришаќите на место, а штетите ќе станат видливи дури по некое време, кога ќе почнат да се тресат или неработат како што треба. Како да го заштитите автомобилот во зима? Стручњаците препорачуваат да го покриете целото ветробранско стакло. За ова не е потребна скапа заштитна навлака – обичен стар тепих или церада ќе бидат доволни. Ова решение го штити стаклото од мраз и и снег и ја чува механиката на бришачите. Што да правите ако бришачите се замрзнат?
Не ги вклучувајте веднаш. Наместо тоа, следете ги овие чекори за изведување на овој зимски трик: Почекајте најмалку 10 минути за да се загрее автомобилот. Користете средство за одмрзнување на стаклото. Нежно одвојте ги бришачите од стаклото. Проверете дали се движат слободно пред да ги вклучите.
Како влијаат временските услови на бришачите?
Снегот е најголем ризик за бришачите бидејќи неговата тежина може да ги извитопери металните делови. Мразот, особено во периоди кога температурата е околу нула, може да предизвика циклично замрзнување ѓто ќе ги оштети механизмите. Кога се менуваат температурите, тоа е најкритичниот период за бришачите. Со овие едноставни мерки , можете да ги заштитите вашите бришачи и да избегнете непотребни трошоци.