Модификација на Toyota Crown Sport – Одлична алтернатива за оние кои сакаат да заштедат

Модификација на Toyota Crown Sport - Одлична алтернатива за оние кои сакаат да заштедат

Се подгтови уникатна модификација на Toyota Crown Sport. Идејата излезе од Јапонскиот тјунер Aero Over. Оваа сензацинална идеја предизвика голем интерес.

Имено, сите примероци на Ferrari SUV се распродадени неколку години однапред. Според тоа, веројатно тјунираната Тојота е добра алтернатива особено, се разбира, за оние кои сакаат да заштедат. Toyota Crown Sport е опремена со plug-in хибриден погон базиран на 2,5-литарски бензински мотор со вкупна моќност од 306 КС. Производителот прогласува просечна потрошувачка на гориво од само 5 литри на 100 km. За клиентите со помали барања, постои и класичен хибрид со 234 КС, базиран на истиот мотор.

Сепак се направија мошне измени. Нoви браници, ознаки инспирирани од Ферари, бандажи во спортски стил. Фонт специфичен за Ферари, четири издувни издуви, сопирачки со жолти клешти.

Крајниот резултат е феноменален и разликата е скоро непрепознатлива. На неодамнешниот саем за автомобили во Токио, ефектот ги изненади дури и креаторите – некои тврдат дека Toyota изгледа подобро.

Што се однесува до цената, Toyota Crown Sport чини околу 6 милиони јени во Јапонија(повеќе од 40.000 евра.) А во споредба со вистинското Ferrari Purosangue Crown Sport изгледа како сосема разумна алтернатива бидејќи оригиналот достигнува околу 1,2 милиони евра на пазарот на половни автомобили

Во продолжение погледнете како тоа изгледа во видеото подолу.