Neue Klasse на BMW носи револуционерни промени во архитектурата и батериите и во инфозабавните системи. На саемот CES во Лас Вегас, BMW го претставува иновативниот Panoramic Vision… Екран кој се протега низ целото ветробранско стакло претворајќи го во интерактивен дисплеј.
Оваа технологија е дел од новата генерација на iDrive, која еволуира со повеќе функционалности: Инфозабавен систем со матрично осветлување, прилагодливи виџети (мали интерактивни апликации за приказ на информации и функционалности) и опционален 3D Head – Up Display. Мултифункционален волан со хаптички повратни информации… Гласовен асистент, кој користи напреден модел за природен јазик.
Ветробранското стакло станува екран
BMW Operating System X, базиран на Android, за беспрекорна интеграција и редовни надградби. Првиот модел што ја користи оваа напредна технологија е BMW Ix3, кој пристигнува во септември 2025 година. Neue Klasse е платформа за новото време со архитектура од 800 волти, нови батерии и идни електрични модели како серија 3. BMW Panoramic Vision не е само екран – тоа е пат кон возачко искуство од следниот век.