Mercedes PureSpeed – Првиот меѓу митовите

Mercedes PureSpeed

Премиерно претставувајќи го радикалниот AMG PureSpeed, Mercedes започна со ексклузивната Muthos серија. Овој бескомпромисен отворен автомобил со две седишта ја вжештува крвта на сите, нудејќи неодолива сличност со легендарните тркачки модели на марката. Mercedes PureSpeed претставува најдиректен начин да се искусат перформансите и возбудата зад воланот.

Отсуството на покривот и ветробранското стакло ги тера возачот и сопатникот целосно да ја почувствуваат брзината и возбудата. Дури и кога стои, овој автомобил маѓепсува со својата безвременска силуета. Ниската и долга хауба, аеродинамички оптимизирана, има препознатлив нос кој наликува на ајкула.

Mercedes PureSpeed

Другите „украси“

Натписот AMG и темната хромирана трикрака ѕвезда, додаваат убавина на неповторливиот автомобил. Визуелната прецизност се огледува и во малите , делумно провидни дефлектори на предната и бочните страни кои спречуваат турбуленции да го нарушат мирот во возењето. Мускулестите рамења над задните тркала се претопуваат во елегантниот и широк заден дел. А остро дефинираните елементи од јаглеронодни влакна даваат силен контраст, дополнет со аеродинамички оптимизираниот капак на багажникот.

За безбедноста на патниците се грижи HALO системот, познат од Формула 1, а задниот спојлер ја менува својата положба во зависност од брзината. Внатрешноста со својата двобојна шема додава посебни акценти, додека дизајнот на седиштата е инспириран од воздухот што струи околу возилото. Еден од највпечатливите детали е аналогниот часовник поставен на средината на контролната табла, во куќиште со облик на капка, чии софистициран дизајн создава впечаток дека лебди.

На патниците им се на располагање и две кациги со интерфон, специјално направени за овои автомобил. Динамиката ја обезбедува четирилитарскиот битурбо мотор со 585 коњски сили, кој импресионира со максимални 315 км/ч и забрзување до 100 километри на час за само 3,6 секунди. Производството е стриктно ограничено на 250 возила, а цената сеуште не е објавена.