Повеќето луѓе мислат дека знакот „Бебе во автомобил“ служи само за да ги предупреди другите возачи на претпазливост и трпеливост.
Но, неговата главна функција е да ги информира итните служби дека во возилото може да има дете, особено во случај на сообраќајна несреќа. Идејата за овој знак потекнува од 1984 година. Имено Мајкл Лернер, возејќи го својот мал внук, побарал начин да ја намали нетрпеливоста на возачите. Се здружил со сестрите Бредли и ја основал компанијата Sfety Ist.
–Ако сте доживеале сообраќајна несреќа и ако службите за итни случаи го најдат вашиот автомобил превртен во некоја долина или ве најдат вас онесвестени во автомобилот, овој знак служи за да им каже на службите за итни случаи да останат на местото на несреќата... И да бараат бебе кое би можело да биде во возилото. Тоа е целта на знакот – открива корисникот „Пентаграм моторспот“ , експерт за моторни спортови од Англија, на својот профил на „Тик-ток“
Во првиот месец биле продадени 10 000 знаци. Итните служби го користат овој знак како дополнителен сигнал. Но, предупредуваат дека е важно да се отстрани кога детето не е во автомобилот, за да се избегнат забуни во итни ситуации. Затоа, иако знакот изгледа како едноставен додаток, неговата одговорна употреба може да спаси животи.