Mitsubishi Colt Performance: Рели Легендата Се Враќа

Mitsubishi Colt Performance: Рели Легендата Се Враќа

Mitsubishi Colt Performance: Рели Легендата Се Враќа

На чешкиот пазар, Mitsubishi го претстави специјалното издание на Colt Performance инспирирано од славните денови на рели спортот. Оваа верзија, наречена Colt Performance, донесува спортски дизајн, подобрена аеродинамика, нови тркала и значително зголемена сила. Изведбата на Colt Performance вклучува мат црна и црвена графика преку белата каросерија со што се оживува духот на славниот Mitsubishi Rlliart.

Mitsubishi Colt Performance: Рели Легендата Се Враќа

На страничните делови и хаубата е додаден натпис „Performance “, а црвените акценти и OZ Racing Superturismo GT алуминиумски фелни од 18 инчи го заокружуваат впечатливиот изглед. За перформансите е заслужен модифицираниот 1,0 – литарски троцилиндричен турбо мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Моќта на моторот е зголемена од 101 КС и 160 Nm вртежен момент, овозможувајќи возбудливо возачко искуство.

И покрај зголемената сила, Colt Performance останува на стандардната суспензија и има тежина од само 1097 килограми, што го прави лесен и агилен за возење. Според Владимир Хејна, директорот на продажба на Mitsubishi во Чешка, целта на ова специјално издание била „да се создаде нешто забавно за возење“, инспирирано од успешната историја на брендот во мотоспортот. Цената засега не еоткриена, но познато е дека станува збор за ограничено издание. За љубителите на спортските автомобили , Colt Performance е вистинска можност да се почувствува духот на рели легендите.