Консултантската фирма McKinsey & Co направи истражување преку кое докажува дека 29% од сопствениците на електричните автомобили ширум светот, веројатно ќе се префрлат на автомобил со мотор со внатрешно согорување.
35% од испитаниците, велат дека инфраструктурата за полнење на јавните патишта се уште не е доволна за нивните потреби. За потребите на електричните автомобили. 32% влеат дека е тешко да се испланира патување… Со оглед на местата каде што можат да застанат за полнење. Апро по, 21 % велат дека им е премногу стресен фактот што треба премногу да размислуваат каде да ги полнат возилата… А и следствено 24% велат дека немаат каде да го полнат автомобилот. Пренесува HAK Review.
Според истражувањата очигледно е дека проблемот не е во цената, туку инфраструктурата за полнење.
„Но, тука има и проблем. Бидејќи 34% од испитаниците велат дека трошоците за поседување електричен автомобил се многу високи. Со други зборови, во равенката не е вклучена само цената на јавните придобивки, туку и куповната цена на автомобилот.“ – вели магазинот autoblog.rs
Студијата е заснова на истражување спроведено во различни земји. Како САД, Австралија, Германија, Бразил, Кина, Јапонија, Норвешка, Франција, Италија. Секако процентот на возачи кои би се префрлиле од сопственици на електрични автомобили на сопственици на автомобил со мотор со внатрешно согорување варира многу од земја до земја.
Највисоки проценти каде сопствениците на електрични возила би ја промениле нивната одлука за поседување на истите, се јавуваат во некои земји во ретко населени области. А секако, таму се пресудни условите и инфраструктурата за полнење. Според испитаниците, останува проблемот со кои би се носеле тие. За патување на долги релации, потребна е подобра инфраструктура што ќе им овозможи на возачите поефектен и подостапен начин за полнење на електричните возила.