Истражување: Повеќето возачи се заслепени од светлата на другите возила

светлата

На прагот е зимската сезона. Со неа доаѓаат и кратките денови каде возачите се во сообраќај повеќе во ноќните часови. Лошите временски услови како дожд или снег го отежнуваат сообраќајот… Но, има и едно ново истражување кое објаснува дека и нешто друго ја загрозува безбедноста по улиците. Повеќето возачи се заслепени од светлата на другите возила!

Имено истражувањата се направени од страна на шведската компанија MOT Bilprovningen. Тие покажуваат дека 8 од 10 возачи се заслепени од сообраќајот што доаѓа. Од малку повеќе од милион патнички автомобили кои биле прегледани во 2022 година, секој четврти имал дефекти на неусогласени или неисправни светла, пренесува HAK Review, пишува autoblog.rs.

светлата

LED светлата се наоѓаат кај повеќето автомобили кои возачите од другата страна ги доживуваат као премногу блескави. Освен тоа, проблемот е и во тоа што многу нови модели на автомобили имаат и автоматски долги светла… Истите не се затемнуваат со време. Многу возачи имаат лош вид кога возат ноќе, а тоа се влошува со стареењето. Во истражувањето 7 од 10 возачи признале дека видот им е полош кога возат во темница. Овие истражувања алармираат возачите да го прегледаат својот вид затоа што евидентно тој се влошува особено после 45тата година од животот на човекот.