Mercedes-Benz 300SL Gullwing на ексклузивна аукција во лас Вегас

Во Лас Вегас на RM Sotheby’s подоцна овој месец, последниот направен Mercedes-Benz 300SL Gullwing ќе биде на ексклузивната аукција.

Последниот мерцедес од 1.400 примероци изградени во периодот од 1954 до 1957 година ќе биде ставен на аукција на 22 ноември. Имено, станува збор за автомобилот Fire Engine Red. Тој е со внатрешност од крем кожа и беше испорачан во САД на 27 септември 1957 година.

аукција

Овој автомобил беше во рацете на четворица сопственици, меѓу кои и последниот кој го чувал повеќе од 25 години. Очекувањата за последниот Gullwing се тој да се продаде за помеѓу 2,5 и 3,5 милиони долари.