Наближуваат студените денови, а со нив голема е веројатноста за маглата која може да се спушти на патот. колку е таа опасна и кои се најважните работи и „упатства“ кои треба да ги седите за безбедно патување? Видот е најважен кога се вози. Дури 90 проценти од информациите за тоа што се случува на патот се добиваат преку него.
Пред да влезете во возилото и да патувате до вашата дестинација, важно е да ги проверите сите елементи и нивната функционалност доколку маглата е веќе спуштена на патот.
Во тој контекст, добро прилагодените ретровизори… Новите бришачи и чистите прозорци се клучни, особено во овој период од годината кога возењето низ магла е почеста појава. И кога видливоста е значително намалена на патот.
Маглата создава влага на шофершајбната, што дополнително ја намалува видливоста.
Ако ветробранското стакло и прозорците се валкани или мрсни, ќе биде уште потешко внимателно да се следи ситуацијата на патот. Затоа е релевантно тие да бидат чисти.
Бидете концентрирани и задолжително намалете ја брзината и возете побавно во присуство на маглата..
Намалувањето на брзината е единствениот вистински начин да бидете безбедни.
Внимавајте, затоа што со спуштањето на маглата, секако ќе биде влажен и асфалтот!
Ова е уште една причина за намалување на брзината. Маглата, како облак од ситни капки вода, може да ја намали хоризонталната видливост на само сто метри. Да го направи патот по лизгав и опасен за возење.
Не користете долги светла
Долгите светла се бескорисни бидејќи светлосниот зрак се одбива од капките вода во воздухот и се рефлектира назад, заслепувајќи го возачот. Затоа никогаш не користете долго светло во магла. Светлата за магла можат да помогнат. Но, не очекувајте чуда! Тие се поставени блиску до земјата и помагаат само да се видат референтните точки на патот, како што се линиите на асфалтот. Кога видливоста е многу слаба, вклучете ги задните светла за магла. Но, најважно е да се концентрирате – избегнувајте телефон, разговори со патници и гласна музика.
Доколку планирате да застанете не го правете тоа веднаш!
Ако мислите дека треба да го застанете вашето возило, не правете го тоа веднаш и на страна. Голема е веројатноста да не ве види никој од назад и да настане верижен судар, особено кога возите на автопат. Возете полека додека не најдете безбедно место, надвор од сообраќајната лента.
Возете на поголемо растојание од возилото пред вас
Доколку сте малу пооддалечени од возилото пред вас, ќе можете да изреагирате навремено во случај на изненадно сопирање од страна на возилото кое го гледате напред.
„Конечно, кога ќе се подобрат условите и ќе се расчисти маглата, не заборавајте да ги исклучите светлата за магла, особено задните, за да не ги вознемирувате возачите зад вас“, пишува Јутарњи лист.