Volkswagen има нова цел! Освен во Европа, Америка и Кина електрификацијата напредува и на други места. Имено, за земјоделство во Руанда “Volkswagen Group Africa” неодамна најави нов пилот-проект со електрични трактори.
Преку проектот “GenFarm”, целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива. Пилот-проектот што го најавува Volkswagen Group Africa во Руанда има за цел да ја унапреди електрификацијата на земјоделството преку користење на електрични трактори. Овој проект е дел од пошироката тенденција на премин кон одржливи технологии во земјоделството, која не само што има потенцијал да го намали влијанието на климатските промени, туку и да го подобри економскиот развој на земјите во развој. Целта е да се создаде поодржливо земјоделство без никакви емисии и без зависност од фосилни горива.
Тракторите ќе бидат достапни за повеќе луѓе, така што се зголеми и ефикасноста на земјоделството во земјата.
Сите возила се полнат со помош на соларни ќелии, а освен трактори ќе може да се изнајмуваат и електрични мопеди.
„Фармерите можат да резервираат електричен трактор, како и обучен возач за достапно одржливо земјоделство“, коментира Николај Ардеј, извршен директор на Центарот за иновации на групацијата “VW”.