Најавен Hyundai Ioniq 9

Најавен Hyundai Ioniq 9

Уште неколку електрични модели кои ќе ја користат својата платформа E-GMP за електрични возила ги подготвува Hyundai Motor Group.

Loniq 9 е еден од нив, со три реда седишта и пристигнува следниот месец. Неговата премиера ќе биде на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Имено тоа ќе биде сериска верзија на концептот Hyundai Seven, прикажан пред три години.

Дијагоналните линии што го пресекуваат телото се инспирирани од Hanbok што всушност е традиционалната корејска облека… Се потенцира во најавата на Hyundai.

Сеуште нема информации кои мотори ќе бидат понудени. А нема информации и за батериите. Сепак, се очекува по примерот на Kia EV9 да добие батерии од 76,1 kWh и 99,8 kWh… Како и верзии со опсег на моќност од 215 КС до 576 КС.

Меѓу другото, за потсетување, концептот имаше опсег од повеќе од 300 милји (483 km), како и време на полнење до 80% од капацитетот на батериите од околу 20 минути.

Во однос на споменатиот концепт со меѓуоскино растојание од 3200 mm, серискиот Ioniq 9 добива модифицирана внатрешност и префинет екстериер Просторот е наменет за двајца патници напред, тројца во средината и двајца назад.