Ferrari сака да ја држи позицијата на врвот, па веројатно му стана традиција или докажана поуспешна практика на секои 10 години да претставува но модел. Моделот F80 ќе има само V6 мотор – мал од три литри. Но, од друга страна, моќен бидејќи со помош на двата турбо компресора развива 900 коњски сили.
Трите електромотори додаваат уште 300 коњи. F40 ќе има способност за забрзување до сто на час за 2,15, до двесте за 5,75 секунди и за максимална брзина од 350 километри на час.
F80 нема чисто електричен режим на возење туку само хибриден, перформансен и максимален. Во однос на ентериерот, F80 има две седишта но совозачкото е повеќе за украс и пополнување на просторот отколку за употреба. Ослонувањето е активно, исто и аеродинамиката која при 250 километри на час генерира притисок од илјада килограми. Каросеријата пак е монокок од јагленородни влакна со алуминиумски подрамки зацврстени со титаниумски завртки. Секако ова е вест за оние со подлабок џеб или можеби за оние кои секогаш сонуваат, па цената е некои ситни 3,6 милиони евра. Од компанијата веат дека ќе бидат направени точно 799 примероци. А ако случајно сакавте да купите, жал ни е што ќе ве разочараме, но веројатно сите се веќе резервирани.