Најголем автомобилски светлосен спектакл:Повеќе од 900 Тесла автомобили приредија „лајт шоу“

светлосен спектакл

902 Тесла автомобили беа синхронизирани со нивните светла на музиката во Финскиот град Еспо. Ова стана најголем автомобилски светлосен спектакл.

Истиот беше организиран од страна на обожаватели и сопственици на автомобилите од овој бренд и здружението Тесла клуб од Финска. Тие успеаа во намерата да го соборат светскиот рекорд пред илјадници гледачи кои се воодушевуваа на овој светлосен спектакл – синхронизирано „лајт шоу“.

Специјално била избрана музиката и автомобилите според неа, одговорија со комбинирање на предните и задните светла, трепкачите, светлата за магла… На тој начин се создаде визуелна изведба каква што немаше досега.

„Сето ова е овозможено со опцијата во тие автомобили, наречена Tesla Light Show, која им овозможува на сопствениците да изведуваат однапред програмирани секвенци, но да додаваат своја светлосна кореографија – како онаа што се гледа во Финска.“ – пренесува autoblog.rs.

Ова е (неофицијален) светски рекорд, а истиот минатата година во месец ноември повторно беше соборен од страна на Тесла. Тогаш Тесла приреди сензација со присуство на 687 автомобили.