Сè повеќе доларски милионери во Тајван и Турција, а сè помалку во Холандија и Велика Британија
Според најновиот извештај на UBS за глобалната распределба на личното богатство, растот на бројот на доларски милионери покажува значителни промени. Тајван и Турција бележат значителен раст. Од друга страна, Холандија и Велика Британија забележуваат опаѓање.
Тајван се наоѓа на врвот на листата со очекување да достигне повеќе од милион милионери до 2028 година со раст од 47%. Главниот двигател на овој раст е индустријата на чипови и полупроводници со посебен фокус на производството на компоненти за вештачка интелигенција. Дел од растот ќе биде и резултат на имиграција на богатите странци. Турција и покрај високата инфлација, се очекува да го зголеми бројот на милионери за 43% до 2028 година. Промена на технолошкиот сектор и присуство на компаниите едрози како Peak Games и Getir ќе играат клучна улога во овој раст. Казахстан е трета на листата со очекуван раст на бројот од 37% до 2028 година.
На другата страна, Холандија и Велика Британија се предвидени за голем одлив на милионери. Холандија ќе изгуби 4%. Велика Британија ќе забележи пад од 17% . Причините исклучуваат рестриктивни даночни политики и нестабилна економско-политичка ситуација. Според проценките на Hnley & Partners, до крајот на 2024 година, Велика Британија ќе изгуби 10 000 милионери.