Mythos – Првиот поглед на суперавтомобилот на иднината

Mythos – Првиот поглед на суперавтомобилот на иднината – Трстирањата во Италија го приближуваат револуционерниот AMG PureSpeed

Светот на автомолите се подготвува за влез во нова ера со пристигнувањето на Mythos, новиот ултралимитиран модел, суперавтомобилот кој го привлекува вниманието на автомобилските ентузијасти и колекционери. Тестирањата на прототипите на AMG PureSpeed се во завршна фаза и ќе бидат спроведени на легендарната патека Нардо во Италија каде што брзинските тестови ќе откријата колку оваа возбудлива новина може да достигне.

суперавтомобилот

Основата на Mythos е Mercedes SL, но со дизајн кој првично беше презентиран во Монако во мај. Ќе се одликува со елегантен и аеродинамичен изглед – без покрив и ветробранско стакло. Двајцата патници ќе уживаат во чиста возачка авантура, а нивната безбедност ќе биде осигурана со HALO системот кој е изведен од Формула 1. Закривената шипка над главите на патниците ќе ги заштити и ќе ја истакне трикраката ѕвезда на Mercedes.

Во пакетот со автомобилот ќе доаѓаат и две аеродинамички оптимизирани кациги за уште поголема заштита и стил. Сè ова ќе биде дел од ексклузивната серија од само 250 примероци, создадени специјално за љубителите на суперавтомобили и колекционерите.

суперавтомобилот

Проектниот партнер на Mercedes за оваа револуционерна машина е познатото дизајнерско студио Pininfarina. Тој го спојува наследството со иновацијата на Mercedes за да создаде автомобил кој ќе биде икона на иднината.

Извор