Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Откријте ја неочекуваната врска!

бојата на автомобилот

Дали бојата на автомобилот може да ви заштеди гориво? Зарем некогаш сте помислиле дека бојата на вашиот автомобил би можела да влијае на потрошувачката на гориво? Звучи како научна фантастика, но не и за научниците од американската лабараторија Лоренс Беркли. Нивната студија, дел од проектот Cool Cars, поддржан од Калифорниската енергетска комисија, открива изненадувачки факти: бојата на каросеријата може да игра улога во тоа колку често ќе мора да го полните резервоарот!

бојата на автомобилот

Светлите автомобили кои ги рефлектираат сончевите зраци, одржуваат пониска температура во внатрешноста. На спротивната страна, темните автомобили ја апсорбираат топлината и создаваат вистински мини – печка внатре. Резултатот? Патниците се приморани да ја вклучат климата на максимум што како што знаете, значи поголема потрошувачка на гориво.

Истражувачите не застанаа на теории – тие тестираа! Оставија два идентични автомобили, едниот сребрен, а другиот црн, на жежок сончев ден. Резултатите беа поразителни: покривот на сребрениот автомобил беше за 25 степени поладен од оној на црниот. Дури и воздухот во кабината бил за неколку степени постуден! На крајот, сребрениот автомобил искористи 13 % помалку енергија за ладење.

Следниот пат кога ќе купувате автомобил, можеби ќе размислите двапати за бојата. Освен што ќе изгледаат стилски, ќе заштедат и на гориво.

Извор