Видео: Alpine A390_β на саемот во Париз

Брендот Alpine најавува промоција на концептот A390_β на овогодинешниот автомобилски саем во Париз. Ова е најава за идниот електричен „спортски фастбек“. Моделот ќе почне да се произведува во 2025 година.

Повеќе информации за оваа приказна се очекуваат после премиерата.

Уште во 2022 година се зборуваше дека ќе се базира на најновата верзија на платформата CMF-EV. Потоа минатата година моделот беше најавен како Crossover GT од C-сегментот кој ќе игра важна улога во иднината на марката. Заедно со другите нови модели, тој би можел да се нуди на глобално ниво, бидејќи Alpine најави дека планира да влезе во Азија, како и во САД, почнувајќи од 2027 година.“ – пренесува autoblog.rs