Студија открива: „Дали возачите на одредени марки имаат подобри рефлекси во споредба со возачите на други марки на автомобили?“

Студија открива: „Дали возачите на одредени марки имаат подобри рефлекси во споредба со возачите на други марки на автомобили?“

Истражувањето е концентрирано кон тоа колку брзо реагираат возачите. Од моментот кога тие забележуваат непредвидлив наста до мигот кога тие ќе изреагираат на истиот. Како што е измерено, студијата вели дека просечното време на реакција се движи од половина секунда до една секунда. Oвие бројки се под влијание на различни фактори.

рефлекси

„Студијата спроведе виртуелен тест на примерок од 2.000 возачи кои симулираа итно сопирање. Иако се свесни дека овој метод не може да ги репродуцира вистинските услови на возење, како и променливите кои можат да влијаат на таа реакција, студијата сепак откри интересни податоци за времето на реакција и соодветната возраст на возачот, пишува El Pais, пренесува autoblog.rs.

Спроведената студија вели дека токму возачите на Volvo имаат најдобри рефлекси. Имено измереното просечо време на реагирање е од 0,401 секунда. Сепак се алудира на вештините и рефлексите на возачите од возраст на 32 години…. Иако споед проценките возчите на Volvo во просек имаат 45 години.

Освен Volvo, студијата вели дека и шоферите на Јагуар имаат брзи рефлекси, а возачите на Сузуки пак, се наоѓаат на трето место на листата со просечно измерено време од 0,409 и 0,413 секунди, соодветно. Тоа е еднакво на возраст од 33 години.

На четвртото место на листата од истртажувањето се наоѓаат оние кои возат Mitsubishi со просечно време на реакција од 0,417 секунди, бројка поврзана со 34-годишници. Зад нив, на петтото место на листата, се возачите на Lexus со време на реакција од 0,435 секунди и просечна возраст од 36 години. Лошата позиција и слабата реакција ја заземаат возачите на Мерцедес со просечно време на реакција од 0,527 секунди. Односно, што е за 2,4 отсто побавно од реакцијата на возачот на Volvo.