И најдобрата и најлошата реклама, велат дека е најгледана. Во Лондон е поставена дигитална реклама и тоа на стратешко место, пред бензинска станица. Рено (Renault) во поглед на темата маркетинг, изгледа сака да го избегне клишето и пишуваните правила, но изгеда и знае како до најдобра реклама. Моментално, т.н. хејтање е нешто на кое публиката најповеќе се „фаќа“, па изгледа и затоа оваа реклама стана вирален хит. Имено, наместо само да го пофали Scenic и неговите предности, Renault реши да ги таргетира (многу) сопственици на Tesla Model Y кои минуваат.
Пораката која сака да ја каже рекламата е едноставно. Renault верува дека сопствениците на Tesla избрале погрешен автомобил… А тоа го пренесуваат разни пораки на рекламниот екран, само што ќе помине такво возило.
На билбордот се појавуваат рекламни слогани како цитатот од медиумите „новиот Рено (Renault Scenic E-Tech) го срами Tesla Model Y со цената и опсегот“. Ова е преземено од прегледот на Renault Scenic во Auto Express.