Фолксваген пред радикални промени!
Дури и гигантите како Фолксваген, се соочуваат со предизвици кои бараат брзи и драстични мерки и промени. Раководството на германскиот производител на автомобили најави амбициозна програма за штедење која ќе трае до 2026 година. Целта е повеќе од јасна: да се надмине финансискиот дефицит од пет милијарди евра.
Еден од најконтроверзните потези е планот за укинување на околу 110 000 работници. Овој потег сигнализира на сериозна промена во стратегијата на компанијата. Одлуката доаѓа по неодамнечниот кризен самит со врвните менаџери. На кризниот самит беше истакнато дека економското опкружување станува сè потешко и дека конкуренцијата во Европа се засилува.
Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека компанијата е принудена да дејствува решително во оваа сложена средина… Со оглед на заостанувањето на Германија во однос на конкуретноста. Намалувањето на бројот на работници преку делумна пензија и отпремнина повеќе не е доволно за да се постигнат потребните заштеди што може да доведе до затворање на фабрики… Нешто што Фолксваген го исклучуваше досега.
Првиот аларм се огласи уште во јули кога компанијата објави дека размислува да ја затвори фабриката во Брисел. Имено, таму се произведува луксузниот електричен модел на Ауди, поради слабата побарувачка. Ова е најверојатно првиот таков потег на Фолксваген од 1988 година што дополнително го нагласува сериозниот предизвик со кој се соочува компанијата.
Фабриката во Брисел ја носи традицијата на висококбалитетни електрични возила. Игра важна улога во стратегијата на компанијата за одржлива мобилност.
Во овие несигурни времиња, сите очи се вперени кон Фолксваген. Очигледно мора да најде начин да го задржи своето лидерство на глобалниот пазар и да се справи со новите економски и пазарни услови. Со интензивирање на иновациите и адаптирање на своите стратегии кон промените на пазарот, Фолксваген има можност да ја зајакне својата позиција. Потребно е да ги анализира трендовите и потребите на потрошувачите како и да ги оптимизира своите производствени капацитети за да ја задржи конкурентноста. Со прилагодување на своите операции и стратегија, компанијата може да се врати на патот на раст и стабилност.