Форд го чувствува ударот од лошите одлуки! Форд инвестираше над две милијарди евра во електрични возила. Ги жртвуваше своите класични модели. Брендот кој со децении гради имиџ врз моторите со внатрешно согорување, сега се соочува со криза. Лошите одлуки секогаш се враќаат како бумеранг.
Преминот кон електрификација не им донесе успех на многу „народни“ марки, а Форд очигледно не е исклучок. Наследството на Мартин Сандерс, поранешниот шеф на марката во Европа, е тежок товар кој ја загрозува иднината на некогаш најпродуктивната фабрика за автомобили во Германија.
Сандерс инвестираше милијарда за трансформација на фабриката во електрична производна линија, но резултатите се далеку од очекуваните. Гунар Херман, член на надзорниот одбор на Форд во Келн, јасно укажува на тоа дека производството е премало за да оправда две смени во фабриката. Испрати предупредување до менаџерите на САД дека евентуалниот опстанок на Форд зависи од класичните мотори.
Форд направи фатална грешка и сега го чувствува ударот. Грешка со предвремено исклучување на моделите Fiesta I Focus. Ова ги остави без конкурентни модели на пазарот каде што германскиот гигант Volkswagen успеа да ја задржи својата стратегија. Стратегија за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување.
Сега, американското раководство го вклучува и Џим Фарли кој одбива да ги преиспита овие одлуки. Ваквиот пристап, дополнително ја влошува ситуацијата. Со кинеските брендови кои веќе се блиску до освојување на европскиот пазар како и електричните возила кои не успеваат да испорачаат резултати, иднината на Форд во Европа е сериозно загрозена. Херман верува дека компанијата можеше да ја избегне оваа криза ако го одложеше воведувањето на електричните модели додека не беа целосно подготвени. Но, се случи тоа што се случи! Трката е изгубена уште на самиот старт.